Македонскиот интернационалец Бојан Миовски повторно погоди за МТК. Неговиот тим го совлада Ујпешт со 2:1, а трите гола паднаа во последните минути од мечот. Прво Ујпешт поведе со гол во 84. минута, па четири минути подоцна МТК изедначи за во седмата минута од судиското продолжение Миовски да погоди од пенал и да донесе големи три бода за својата екипа.
За него ова е шести гол во најсилната унгарска лига.