Тимот на Рома на челот со Жозе Мурињо синоќа на домашен терен во рамките од новото коло во Серија А, беше декласирана од тимот на Интер со 0:3. Дебалкот на домашните тренерот на „Волчицата“ го објасни со многуте повреди кои ги има во составот.
„Интер е појак тим од нас дури и кога сме во фул состав, а ние вечерва настапивме ослабени. Минатата сезона Интер имаше 29 бодови повеќе од Рома. Нам ни беше исклучително тешко да играме во овој состав. Им се извинувам на сите кои ги очекуваат мите одговори на вашите прашања вечерва но нема да ги добијат“ – го заврши монологот Мурињо и си замина од прес конференцијата.
FOTO: EPA