Ралф Рангник, конечно, ќе дебитира на клупата на Манчестер Јунајтед денеска од 15 часот на „Олд Трафорд“, кога „ѓаволите“ ќе го пречекаат тимот на Кристал Палас во мечот од 15. коло на Премиер лигата.
Откако проблемите со работната дозвола го спречија да го поведе тимот на ремито 1-1 со Челзи и во победата од 3-2 на домашен терен над Арсенал, 63-годишниот Германец конечно ќе ги преземе уздите во тимот кој има амбиции да ја врати славата од пред десетина години.
Благодарение на одличната работа на привремениот претходник на Рангник, Мајкл Керик, Јунајтед е во релативно добра форма и моралот е многу повисок отколку пред еден месец. Победата над Арсенал беше првата победа на домашен терен во Премиер лигата по речиси три месеци.
Ralf Rangnick’s first Premier League fixtures as Manchester United manager 👀 pic.twitter.com/HEwwDEGfpm
— GOAL (@goal) December 3, 2021