Роналдо се повреди прославувајќи со „сиууууу“!?

1706

Англиските медиуми пренесуваат дека веројатно тимот на Манчестер Јунајтед денеска против Кристал Палас ќе мора да го одигра без Кристијано Роналдо, затоа што Португалецот се повредил при прославата на двата гола при дербито против Арсенал во четвртокот.
При доскокот и прославата на традиционалното негово „Сиуууу“, Роналдо наводно почувствувал болка во мускулот, што се примети и при неговото излегување од игра во 88. минута на тој меч. Роналдо не сакаше да замине и да излезе прописно на средината на теренот туку излезе позади голот, и полека замина во соблекуваната.

FOTO:GETTY IMAGES

ПретходноЧикаго го доби дербито на истокот (ВИДЕО)
СледноМурињо шоу на прес: Нема да одговорам на прашања на новинарите