Одбојкарките на Работнички, Наковски Волеј и Струмица ја продолжуваат победничката низа во домашниот шампионат кај дамите. Во мечевите од комплетото 11. коло одиграно во саботата, сите три тима обезбедија максимални победи на гостувањата.
Работнички беше пресилен за Пелистер во Битола, Наковски Волеј успешно се справи на гостувањето кај Фит Фан Волеј, додека Струмичанки ја обезбедија највредната победа против актуелните шампионки Јанта Волеј.
Во последниот одигран меч, Универзитет во Тетово успеа со 3:1 да замине како победник од Скопје на дуелот со Вардар.
Прва лига (жени), 11. коло:
Пелистер Волеј – Работнички 0:3 (11:25, 15:25, 17:25)
Фит Фан Волеј – Наковски Волеј 0:3 (22:25, 19:25, 16:25)
Јанта Волеј КВ – Струмица 0:3 (21:25, 19:25, 23:25)
Вардар – Универзитет во Тетово 1:3 (25:18, 16:25, 17:25, 15:25)