Триумф на Крамер во Лилехамер и прво место во генералниот пласман

114

Австријката Марита Крамер одново е лидер во генералниот пласман во ски скокови во женска конкуренција по денешниот триумф на скокалницата во норвешки Лилехамер. На двојната програма во Лилехамер, Крамер беше второпласирана на вчерашните скокови,а  тогаш победи Германката Катарина Алтаус.

А денеска Крамер беше најдобра, освои 268,9 поени и заврши пред Алтаус, додека трета беше норвешката скокачка Силје Опсет.

Ова е втора победа на Крамер сезонава. Триумфираше во Нижни Тагил на отворањето. Следните натпревари се на 10 и 11 декември во германски Клингентал.

ПретходноЏерард го „суреди“ и Роџерс за супер старт за великанот на англискиот фудбал (видео)
СледноЛеванте никако да победи, Барди играше во второто полувреме