ФОТО: Twitter/SC Freiburg
Неверојатен меч во Менхенгладбах. Додуша терор за домашниот тим! Борусија по првото полувреме губи од Фрајбург со 0:6. Вакво понижување на им се случило никогаш. Од 5-тата па до 37. минута гостите постигнаа шест гола.
Тренерот на домашната екипа Ади Хитер ги одбра најнерасположените фудбалери за овој меч кои не можат да се состават со топката. Посебно „катастрофална“ е одбраната. Гостите осум пати шутнаа во рамките на голот, а шест пати погодија.