Бејтулаи: На полувреме анализиравме и потоа победивме

271

Екипата на Шкендија успеа со пресврт да го победи Пелистер на домашен терен и да се зацврсти на третото место на табелата во Првата македонска лига. Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи кој беше погоден од фрлен факел од страна на „Балистите“ зборуваше за резултатот но не кажа ништо за инцидентот. Тој продолжи да игра.

Одлично го започнавме натпреварот, имавме многу шанси за гол. Но, фудбалот е таков, противникот без никаква шанса успеа да постигне гол од слободен удар. На полувреме анализиравме и мотивирани влеговме во вториот дел и на крајот успеавме да обезбедиме позитивен резултат“, рече дефанзивецот.

Идното коло Шкендија ќе се соочи со лидерот Шкупи кој денеска го осигура првото место во есенскиот дел од сезоната.

ПретходноМиовски во 90+7 минута донесе победа за МТК
СледноМЗТ Скопје е класа за ТФТ (ФОТО)