Јувентус води на дуелот против Џенова со 1-0 во Серија А. Хуан Куадрадо е стрелец на голот за „Старата дама“. Колумбискиот фудбалер демонстрираше вистинско ремек дел, голот го постигна од корнер.
Ова е втор ваков погодок во Серија А, вчера Чалханоглу, исто од корнер се запиша во листата на стрелци на дуелот меѓу Рома и Интер.
Горан Пандев не е во стартниот состав на Џенова, најдобриот македонски фудбалер засега е на клупата за резерви ја чека својата шанса.