Миовски во 90+7 минута донесе победа за МТК

478

Македонскиот интернационалец Бојан Миовски повторно погоди за МТК. Неговиот тим го совлада Ујпешт со 2:1, а трите гола паднаа во последните минути од мечот. Прво Ујпешт поведе со гол во 84. минута, па четири минути подоцна МТК изедначи за во седмата минута од судиското продолжение Миовски да погоди од пенал и да донесе големи три бода за својата екипа.

За него ова е шести гол во најсилната унгарска лига.

ПретходноШто се случува во Менхенгладбах? По првото полувреме Фрајбург води со 0:6!
СледноБејтулаи: На полувреме анализиравме и потоа победивме