Мурињо шоу на прес: Нема да одговорам на прашања на новинарите

345

Тимот на Рома на челот со Жозе Мурињо синоќа на домашен терен во рамките од новото коло во Серија А, беше декласирана од тимот на Интер со 0:3. Дебалкот на домашните тренерот на „Волчицата“ го објасни со многуте повреди кои ги има во составот.

„Интер е појак тим од нас дури и кога сме во фул состав, а ние вечерва настапивме ослабени. Минатата сезона Интер имаше 29 бодови повеќе од Рома. Нам ни беше исклучително тешко да играме во овој состав. Им се извинувам на сите кои ги очекуваат мите одговори на вашите прашања вечерва но нема да ги добијат“ – го заврши монологот Мурињо и си замина од прес конференцијата.

FOTO: EPA

ПретходноРоналдо се повреди прославувајќи со „сиууууу“!?
СледноМорено го промаши невозможното против Севиља (ВИДЕО)