Завршија сите мечеви од 16.коло во ПМФЛ. Отако успеа да победи среде Автокоманда со 1:3 и тоа како гостин кај Скопје, екипата на Шкупи стана есенски првак. На две кола до крајот имаат +6 бодови пред А. Пандев.
Интересно беше на скопското дерби. Имаше од се по малку. Алварез двапати и Сенгор стрелаа за Шкупи, а Чешмеџиев си даде автогол. Значи сите четири голови беа дело на тимот од Чаир. Имаше и два црвени за домашните.
Во Струмица имаше многу борба, шанси, два црвени, но А. Пандев и Брегалница одиграа 0:0.
Во Струга, домашната Струга ТЛ и Тиквеш одиграа исто без голови.
Борец одигра добро и извлече бод против фаворизираната Македонија ЃП. Ѓорѓевиќ донесе водство, а Камара израмни за “лавовите“.
И во Тетово екипата на Шкендија имаше големи проблеми со Пелистер. Гостите имаа водство по првиот дел, но сепак Гури и Кривак во второто полувреме стрелаа за 2:1, за победа на Шкендија.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 16.КОЛО
А.ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА 0:0
БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:1
(Ѓорѓевиќ 35./Камара 67./)
СКОПЈЕ – ШКУПИ 1:3
(Чешмеџиев (авт) 42./Алварез 7., Сенгор 55.)
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 2:1
(Гури 48.,Кривак 86./ Јуфо 43.)
СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 0:0
ВЧЕРА:
РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0:0