Столе одново несовладан, Рајо Ваљекано со триумф над Еспањол!

522

И одново Столе Димитриевски покажува дека е во супер форма. Тој денеска во меч од 16.коло во Ла Лига, ја зачува мрежата на својот Рајо Ваљекано, уште еднаш оваа сезона, а неговиот тим го победи Еспањол со 1:0, и тоа благодарение на Кабрера во 54.минута. Сосема доволно за нов триумф, за нови три бода за тимот на Столе Димитриевски, нашиот убедливо најдобар голман во моментов.

Сега Рајо Ваљекано има 27 бодови и се наоѓа на шестата позиција на табелата во Ла Лига, нешто што пред стартот на сезоната можеа само да го сонуваат.

ПретходноФудбалерите на Тиквеш со “Лозари“ го прославија бодот од Струга!
СледноВо пресрет на вечерашниот меч: Како ГРАНДЕ го „тресел“ Јуве! (ВИДЕО)