Тухел: Правиме премногу грешки

584

Тимот на Челзи вчера изненадувачки загуби на госувањето кај Вест Хем со конечни 3:2. Еден од главните фаворити за титулата, ненадејно загуби значајни бодови, со што секако направи чекор назад во обидот да ги исполни сите свои планови и амбиции сезонава.

Тренерот Томас Тухел по мечот ги детектираше проблемите во тимот и појасни зошто Челзи вчера не освои бодови.

Во моментов не сме доволно добри во деталите. Правиме премногу грешки“, рече Тухел. Германскиот стручњак призна дека голманот Едуард Менди минува низ тежок период и изгубил дел од самодовербата. Тухел исто така откри дека Каи Хаверц имал големи болки пред неговата замена на крајот од првото полувреме, а болки во грбот имал и Маркос Алонсо , кој стартуваше наместо Бен Чилвел . Тухел потврди дека не знае кога ќе може да се потпре на Н’Голо Канте и Матео Ковачиќ , а италијанскиот репрезентативец Жоржињо продолжува да игра со болки во мускулот. 

„Играчите се преоптоварени. Ова не е оправдување бидејќи ситуацијата нема да се промени“, додаде Томас Тухел.

ПретходноАгон Хани: Струга ТЛ против Тиквеш ја интересира само победа!
СледноТиаго Меси го праша Лионел Меси она што целиот свет го интересира….Зошто освои Златна топка?