Фрајбург „пукна“ рекорд во Менхенгладбах (видео)

409

Неверојатен резултат во Менхенгладбах. Фрајбург и гостуваше на Борусија и ја победи со 6:0. Сите голови паднаа во првото полувреме од кои пет беа во првите 25 минути!

Со тоа Фрајбург стана првиот тим во историјата на Бундес лигата кој реализирал пет гола на гостински терен во првите 25 минути. Пред нив само Менхенгладбах успеал да даде пет гола за толку минути, но на домашен терен против Брауншвајг во октомври 1984 година.

Освен тоа Фрајбург само втор пат во историјата успеал да победи во Менхенгладбах, а првиот успех го забележал во 1995 година. Освен тоа ова е највисоката победа на Фрајбург на гостински терен со тоа што ја урна претходната победа од 5:0 над Мепен во април 1998 година.

Осве тоа ја запиша и највисоката победа во Бундес лигата воопшто. Претходно таа беше 5:0 против Ханза во септември 1999 година и над Бохум во декември 2000. Тие беа остварени на домашен терен.

ПретходноКуадрадо како Чалханоглу, погоди од корнер (ВИДЕО)
СледноТешки дебакли на Мундијалот во Шпанија: Холанѓанките во два меча постигнаа 113 погодоци