Чикаго го доби дербито на истокот (ВИДЕО)

321

Зек Левин и Дема Дерозан беа играчите број еден на тимот на Чикаго Булс во триумфот над Бруклин Нетс на гости од конечни 107:111. Мечот беше прогласен за дерби на вечерта затоа што двата тима се на самиот врв на Истокот и се борат за што подобра позиција.

Левин постига 31. кош, додека Дерозан 29, а поразениот домаќин го предводеше Кевин Дурент со 28. поени.

На западот пак, лидерот на табелата тимот на Голден Стејс загуби исто така на домашен терен од тимот на Сан Антонио со 107:112. Стеф Кари најефикасен на мечот со 27. поени додека пак на спротивната страна Вајт најдобар со 25 поени.

Резултати:

Бруклин – Чикаго 107:111

Милвоки – Мајами 124:102

Далас – Мемфис 90:97

Голде Стејт – Сан Антонио 107:112

Портланд – Бостон 117:145

Сакраменто – ЛА.Клиперс 104:99

ПретходноРеал победи на гостувањето кај Сосиедад, но го загуби Бензема!
СледноРоналдо се повреди прославувајќи со „сиууууу“!?