Јуве ја “реши“ Џенова, Пандев одигра 32 минути!

171

Во меч од 16.коло во Серија А, вечерва Јуве како изразит фаворит успеа да ја победи Џенова со 2:0. Со тоа ја продолжи агонијата на тимот на нашиот Горан Пандев кој во игра влезе во 58.минута. Учествуваше во неколку акции пред домашниот гол, но не успеа да ја затресе мрежата на „Старата дама“.

Куадрадо му донесе водство на Јуве уште во 9.минута со вистинска магија, со гол од корнер, нема што, спектакуларен гол на Колумбиецот. Се редеа шанси пред голот на Џенова, но гол немаше се до 82.минута кога Дибала убаво се снајде пред голот на гостите и зголеми на 2:0.

Добра игра на Јувентус, во целост доминираше, за разлика од Џенова која уште еднаш разочара. Се чини дека и доаѓањето на Андри Шевченко на клупата не донесе ништо ново, ништо подобро.

ПретходноТешки дебакли на Мундијалот во Шпанија: Холанѓанките во два меча постигнаа 113 погодоци
СледноМилан најверојатно веќе пронајде замена за повредениот Кјаер