Џерард го „суреди“ и Роџерс за супер старт за великанот на англискиот фудбал (видео)

254

Астон Вила го победи и Лестер Сити со 2:1 во англиската Премиер лига и со тоа ја впиша шестата победа сезонава односно трета во четвртиот меч под водство на новиот менаџер Стивен Џерард. Некогашниот ас на Ливерпул се врати во Премиер лигата како тренер на Астон Вила, а впиша победи над Брајтон, Кристал Палас, па пораз од Манчестер Сити, а сега го победи својот поранешен стратег од Ливерпул, Брендан Роџерс кој е на кормилото на Лестер.

Инаку „лисиците“ водеа со голот на Барнс, но изедначи Конса. Во второто полувреме Конса погоди за победа на тимот од Бирмингем.

Идното коло Џерард и Астон Вила ќе играат со Ливерпул на „Енфилд“. Џерард против клубот во кој се прослави.

ПретходноMилинковиќ-Савиќ и Имобиле ја „уништија“ Сампдорија (видео)
СледноТриумф на Крамер во Лилехамер и прво место во генералниот пласман