„Игри“ во ПСЖ: Кланот на Меси сака да го смени Покетино, сите чекаат „ДА“ од Зидан!

1391

Не е тајна дека ПСЖ е најспектакуларниот клуб во моментов. Тим создаден од мега – ѕвезди на чело со Лео Меси, а тука се и Килијан Мбапе и Нејмар. Зарем уште треба да се набројува кој уште е член на “светците“. Тренер им е Маурицио Покетино, но работите не одат според посакувањата. ПСЖ во Лига 1 победува, ама на “мускули“, тимот нема игра, нема ништо од тројката Меси – Мбапе – Нејмар, освен ако некој од оваа тројка не реши сам да ги земе работите во своите раце, поточно нозе.

Денеска медиумите на Франција наголемо пишуваат дека Лео Меси и неговиот клан, а тука се играчите од Ј. Америја, а тука е и Рамос, посакува што побргу да си оди Покетино. Иако станува збор за негов сонародник, нели Аргентинец, Меси воопшто не бил задоволен од своите настапи во дресот на ПСЖ, а како главен виновник го посочил токму Покетино.

А и на Покетино изгледа му е доста од се. Од една страна од него се бараат резултати и убава игра, а од друга страна се бара по секоја цена да му играат сите ѕвезди во тимот, да бидат стартери.

Ова се го знаат и челниците на ПСЖ, па токму затоа тие се на “линија“ со Зинедин Зидан, од кого веќе неколку недели очекуваат “ДА“. Сите во клубот од Париз се во исчекување на тоа кога Зизу ќе седне на клупата на ПСЖ.

Со неговото доаѓање се смета дека „игрите“ во ПСЖ ќе престанат и дека тој има доволно авторитет за да ги среди работите во прескапиот тим.

ПретходноТабоада: Спортинг е силен тим, но Е.Пелистер ќе ги освои бодовите!
СледноМилевски: Не сум се откажал од Несторовски!