Ристовски по поразот од Хајдук тргнал да “дели“ шлаканици, Атанасов го спречил! (ВИДЕО)

738

Многу нервоза, гнев и се разбира шок кај фудбалерите на Динамо пo поразот од Хајдук на вчерашното дерби на Хрватска. Да потсетиме дека на тој меч настапија и тројцата наши репрезентативци, Стефан Ристовски, Аријан Адеми (Динамо Загреб) и Јани Атанасов (Хајдук). По мечот дојде до инцидент, па така како што јавуваат хрватски медиуми, поточно порталот 24.sata.hr, нашиот репрезентативен капитен Стефан Ристовски тргнал кон еден играч на Хајдук, да се пресмета со него со шлаканици, но за среќа тука се нашол Јани Атанасов кој го спречил во таа намера. Тука се нашол и Адеми и целата ситуација се смирила, како и самиот Ристовски кој бил премногу нервозен.

ФОТО: 24.sata.hr

ПретходноСе повторува историјата: Реал (М) ќе го крене шампионскиот пехар во Ла Лига?
СледноСудијата рекордер во ЛШ утре ја завршува меѓународната кариера