Победата од 1:3 на гостувањето на Автокоманда на Шкупи му го донесе епитетот есенски првак во ПМФЛ во тековната сезона. Двоен стрелец беше Фреди Алварез, и кога е така, тогаш јасно е дека интернационалецот од Костарика одново ќе биде играч на колото, на 16.коло. Покрај него од Шкупи тука е и Сенгор, и не само што даде гол туку и одигра квалитетно.
Ристе Јанков од Работнички е на голманската позиција, а тука се и Кривак и Гури од Шкендија, потоа Делов од Тиквеш, тим кој дојде до бод во Струга на гостувањето кај Струга Трим Лум. Пелистер загуби во Тетово, но Јуфо постигна фантастичен гол водство, и затоа е во тимот на колото. А. Пандев и Брегалница ремизираа, но се играше добар фудбал. Хаџиновиќ кај домашните и Бакрачески од гостите се во тимот на колото. Има место и за стрелците во Велескаде играа Борец и Македонија ЃП, а тоа се Ѓорѓевиќ и Камара.
ИГРАЧ НА КОЛО
ФРЕДИ АЛВАРЕЗ
Тим: Шкупи
Роден:26.04.1995 во Костарика
Кариера: Саприса, ЦС Уругвај, УЦР,Хередиано, АДР Џикарал, Шкупи