Е.Пелистер ги прави последните подготовки пред утрешниот равенш меч против Спортинг Лисабон во рамките на Европската лига. Битолчани на гостувањето кај португалскиот тим освоија бод, имаа шанса за победа, но може и да се врата со празни раце.
Жељко Обрадовиќ и неговите момци се задоволни од крајниот исход, покажаа дека можат да се носат со едно вакво име на гостински терен и најаважно им дадоа причина на своите навивачи да веруваат во нив.
„Играчите го дадоа максимумот, одиграа фантастичен меч, без разлика што ние го имавме поседот и можност да победиме, но и тие имаа офанзивен фаул, во последните десет секунди беше нерешено. Во секој случај играчите покажаа страшен карактер, јас сум им благодарен за тоа, го презентираа својот клуб, како и земјата, сите знаеме како е тешко да се освојуваат бодови на гости и колку Спортинг е добар клуб. Што се однесува до вториот меч, не чека страшна борба, една ментална борба, мора да бидеме фокусирани, мора подготвени да ја чекаме нашата шанса, да поентираме, да го искористиме периодот кога ќе направат ротација во тимот и да го завршиме мечот во наша корист“, изјави Бабиќ
Е.Пелистер имаше „среќа“ да се падне во доста изедначема група. Според тренерот, истата е како минско поле, секој меч мора да се одигра максимално за да дојдат до бодовите.
„Знаевме од старт дека групата е изедначена, дека е големо минско поле, затоа мора да бидеш подготвен на секој меч, да имаш добар тимски дух. Не би рекол дека само оваа средба е одлучувачка, после Нова Година не чекаат нови средби кои ќе бидат клучни за пласман во следната рунда во Европската лига“.
Пред утрешното 6. коло, Пелистер се наоѓа на третото место на табелата со шест бода, еден зад Спортинг Лисабон. Дуелот е закажан со почеток во 20:45 часот, пред истиот ќе има фан-зона за поддржувачите на македонскиот клуб.