Гаџа пред Загреб: Мора да бидеме борбени, перфектни во одбраната

148

Вардар 1961, последниот меч од оваа календарска година во Лигата на шампиони ја игра на гостувањето кај ППД Загреб, мечот е закажан за во среда.

Македонскиот првак за Загреб патува во среда на денот на мечот. Анте Гаџа е еден од оние играчи кои добро го познаваат противникот.

„Не чека дуел со Загреб последен од оваа година во Лигата на шампиони, се надеваме дека ќе одиграме одличен натпревар и дека во добро расположение ќе се вратиме во Скопје. Загреб ја подигна својата форма, освоија доста бодови во последно време. Мораме да бидеме подготовени и борбени, за нивата добра одбрана. Мора да бидеме максимално сконцентрирани, со нашата добра одбрана да се надеваме на бодови“, вели Гаџа.

Претходно8. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Фаворитите без грешка!
СледноНестор ги одигра првите минути по долгата пауза