Деби со гол на Мециновиќ во Бангладеш! (ВИДЕО)

753

Прв меч, одлична игра и веднаш гол во негов стил за Јасмин Мециновиќ во дресот на Мохамедан, клуб од Бангладеш. Искусниот стопер на Куп натпревар успеа со шут со глава во 90+2.минута да ја погоди домашната мрежа на тимот на Саиф, тоа беше гол за 1:1.

Дури сега се гледа какво квалитетно засилување во своите редови има тимот од Бангладеш, фудбалер кој во минатата 1,5 година беше најдобриот фудбалер на Струга Трим Лум, од каде пред една недела се пресели во далечниот Бангладеш.

ПретходноКОМЕНТАР НА 16.КОЛО: „Жешко“ беше на скопското дерби, Шкупи есенски првак!
СледноБабиќ пред реваншот со Спортинг: Не чека страшна битка, оваа група е минско поле!