Ракометарките на Конго испишаа историја, го освоија третото место во групата Ф и се пласираа во главната рунда на ракометното СП што се одржува во Шпанија. Тие дојдоа како аутсајдери познавајќи го ракометот во Африка, а во првите две кола доживеаа порази од Данска и од Јужна Кореја. Но вечерва во африканскиот дуел Конго славеше против Тунис со 33:24 и со тоа избори место во наредната фаза. На мечот блескаше Јимга која постигна дури 11 погодоци.
Репрезентативките на Конго во наредната фаза ќе имаат пеколна задача затоа што ги чекаат дуели со Германија, Унгарија и Чешка.
Пласман понатаму изборија уште Бразил, Јапонија и Хрватска од групата Г, Шпанија, Аргентина, Австрија од групата Х.
Резултати:
Аргентина – Кина 36:24
Бразил – Парагвај 33:19
Чешка – Словачка 24:23
Тунис – Конго 24:33
Данска – Ј.Кореја 35:23
Хрватска – Јапонија 26:28
Германија – Унгарија 25:24
Шпанија – Австрија 31:19
Congo 🇨🇬 celebrate a big moment as they qualify for the #Spain2021 main round after avenging their defeat to Tunisia in the bronze-medal match at the 2021 African Women’s Championship 💪#sheloveshandball pic.twitter.com/oolAcxVnPv
— International Handball Federation (@ihf_info) December 6, 2021