Осман Дембеле е на чекор да ја напушти Барселона, раководството на клубот никако не успева да најде заеднички јазик околу продолжување на соработката. Сепак претседателот на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта за ТВ3 изјави дека францускиот фудбалер ќе остане во тимот.
„Имаме добар однос со Дембеле и тој сака да остане. И ние сакаме да остане бидејќи е одличен играч. Воодушевен сум од него, тој е подобар играч и од Мбапе“, изјави Лапорта.
Договорот на францускиот фудбалер истекува на крајот на оваа сезона, а за неговите услуги се заинтересирани Јунајтед, Тотенхем и Њукалс.
Дембеле одигра четири меча, поради повреда го пропушти почетокот на сезонава.