Милевски: Не сум се откажал од Несторовски!

2521

На 24 март играме со Италија на гости во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар 2022 година. Се разбира дека има уште време до тогаш, но исто така се разбира дека нашиот селектор Благоја Милевски уште сега си прави планови за тој историски меч за Македонија.

Инаку добро е познато дека досега со Италија сме одиграле два меча, дома бевме поразени, а на гости одигравме нерешено.

Јасно е дека секој квалитетен играч и тоа како добро ќе му дојде на Милевски, а на прашањето на „Спортмедиа“, што се случува со Илија Несторовски и дали нашиот интернационалец во Удинезе ќе конкурира за тој мартовски бараж, Милевски истакна…

Јас не сум се откажал од Илија Несторовски, ниту пак тој се откажал од репрезентацијата. И јас чекам конечно да почне да игра за Удинезе по тешката повреда, операцијата и долгата рехабилитација. Гледам дека на последните мечеви тој е на клупата, тоа ме охрабрува дека многу веројатно брзо ќе почне и да игра. Кај мене нема непознати, оној што заслужува во тој момент да биде повикан секако дека ќе добие повик за настап во дресот на А- тимот, ова важи и за Несторовски“ истакна Милевски.

За потсетување, Нестор последен пат за Македонија настапи во март оваа година кога постигна гол од пенал. Потоа направи непримерен гест и од претходниот селектор беше суспендиран на еден натпревар, па затоа не играше со Германија во Дуисбург. Потоа се повреди и не настапи на ЕУРО 2020. Пред еден месец се врати во тимот на Удинезе, но засега нема официјален настап за “црно – белите“ во Серија А по повредата. За крај, токму Несторовски во Скопје, кога загубивме со 2:3, беше еден од стрелците за Македонија, вториот гол беше дело на Ферхан Хасани.

Претходно„Игри“ во ПСЖ: Кланот на Меси сака да го смени Покетино, сите чекаат „ДА“ од Зидан!
СледноЕХФ: Европа едвај чека да види дали Митревски повторно ќе ја сопре Данска (ВИДЕО)