Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, иако според многу извори на крајот на сезоната сигурно го напушта Париз, сепак, можеби и нема да се пресели во Реал Мадрид.
Мбапе има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и барем засега нема индиции дека е подготвен да потпише нов договор. Некои експерти во целата сага гледаат само обид на Килијан да заработи неверојатно висока плата и дека тој всушност нема никаква намера да замине.
„Не знам каква ќе биде мојата иднина. Не е лесно. Отпрвин бев разочаран што не заминав. Но, не сум во третата лига и играм за клуб кој сака да ја освои Лигата на шампионите. Јас сум Парижанец, се чувствувам добро овде и отсекогаш сум го велел тоа. Само сакав да пробам нешто поинаку“, мистериозно изјавил Мбапе викендов.