Ново гол-шоу на Јаховиќ: За десет минути му даде два гола на Газиантеп (ВИДЕО)

674

Македонскиот репрезентативец, Адис Јаховиќ е во одлична голгетерска форма. По голот против Фенербахче, тој вечерва двапати се запиша во листата на стрелци.

Неговиот Гезтепе води со 2-1 и тоа благодарение на Јаховиќ, за десет минути постигна два погодоци. Во 39. минута погоди за 1-0, а потоа во четвртата минута од судиското продолжение во првото полувреме зголеми на 2-0.

Се игра 73. минута, гостите успеаја да намалат на 2-1. Ова е меч од 15. коло во турскиот шампионат.

Головите можете да ги видите на следните линкови: ЛИНК, ЛИНК 2 

ПретходноГолманката на Иран се расплака откако ја прогласија за МВП (ВИДЕО)
Следно8. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Фаворитите без грешка!