Марко Симоновски и Ардијан Нухиу се најдоа во изборот на Тимот на колото во косовската Суперлига откако вчера го решија дербито на колото против екипата на Приштина.
Симоновски беше стрелец на единствениот гол на мечот со кој Дрита предводена од Нихиу на гости на стадионот „Фадиљ Вокри“ успеа да го совлада домашниот тим и да ја запише деваттата сезонска победа со која се проби на 3. место на табелата.