ФК Шкупи: Фановите на Шкендија слободно нека повелат на Чаир!

1500

 

Во среда се игра големото дерби во ПМФЛ. Имено во меч од 17.коло во тековната сезона, Шкупи ја пречекува Шкендија. Клубови кои се лути ривали, тимови кои пред стартот на сезоната се апострофираа како најсериозни кандидати за титулата. Шкупи тоа го оправда, лидер е на табелата, стана есенски првак, додека тетовци далеку се зад чаирчани и се на третата позиција со минус 8 бодови.

Во последно време се случува некои клубови да дозволат присуство на трибините на своите стадиони на гостинските фанови, некои пак тоа не го дозволуваат. За чаирчани нема дилеми, тие сакаат супер атмосфера и ги покануваат фановите на Шкендија во среда во 13 часот да се најдат на стадионот на Чаир.

Фудбалот се игра за гледачите, навивачите, фановите. Ние како клуб посакуваме мечот меѓу Шкупи и Шкендија да биде големо дерби, тоа да биде фудбал и меч за уживање. Па токму затоа ги покануваме фановите на Шкендија во среда слободно да повелат на Чаир. Услови за гостински навивачи има, има две трибини а тоа го дозволуваат пропозициите на ФФМ, па така ако фановите на Шкендија имаат желба, слободно нека дојдат“ велат од раководството на Шкупи.

ПретходноНов пораз за ТФТ, овој пат во Приштина
СледноЕлмас вреди 70 милиони евра!