Хјустон нареди пет победи по ред, Јута го запре „забрефтаниот“ Кливленд (ВИДЕО)

180

Кошаркарите на Хјустон запишаа и петта последователна победа откако синоќа успеаја на домашен терен да го совладаат Њу Орлеанс во еден од најинтересните дуели од ноќната програма во НБА лигата. „Ракетите“ славеа со 118:108 против најслабиот тим во Западот и со тоа успеаја значително да го подобрат својот скок од почетокот на сезоната, кој беше очаен.

Кристијан Вуд и Ерик Гордон запишаа по 23 поени за екипата на Хјустон, додека Брендон Инграм со 40 поени беше лидери кај гостите.

Јута Џез ја продолжи победничката низа со четири последователни победи, откако синоќа во исклучително возбудлива завршница славеше на гости кај Кливленд со 109:108. „Џезерите“ успеаја да ја прекинат добрата победничка серија на Кливленд благодарение на одличниот Мичел кој средбата ја заврши со 35 поени, 3 скока и 6 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Атланта – Шарлот 127:130

Торонто – Вашингтон 102:90

Хјусотон – Њу Орлеанс 118:108

Кливленд – Јута 108:109

ПретходноНа повидок пресврт: Мбапе не сака да си оди од ПСЖ, бара само рекордно висока плата!
СледноТИМ НА 16.КОЛО: Алварез е “мозокот“ на Шкупи