Даци „експлодира“ со нови два гола за Вестерло

324

Некогаш стандардниот младински репрезентативец на Македонија, Ердон Даци, кој веќе тропа на врата кај сениорите, имаше импресивен настап за екипата на Вестерло и со два гола беше творец на големиот пресврт за победа на неговиот тим во белгиската втора лига.

Даци погоди за израмнување на 2:2 на дуелот со Мускрон, а потоа и за 4:2 во победата изборена во второто полувреме.

Со овие два гола, Даци дојде до бројката осум гола на 11 настапи во белгиската втора лига и му донесе на Вестерло лидерско место на табелата.

ПретходноНајдоброто од ТФТ-МЗТ Скопје: Одлични забивања, мајсторска тројка на Мекиќ (ВИДЕО)
СледноСкопје со реакција за судењето на вчерашниот меч на Автокоманда!