Директорот на Евертон си замина затоа што клубот не сака да го избрка Бенитез

336

Англискиот премиерлигаш Евертон објави дека фудбалскиот директор Марсел Брандс ја напуштил функцијата, додавајќи дека тренерот Рафа Бенитез ја има нивната целосна поддршка.

„Сопственикот и раководството на клубот му се заблагодаруваат на Марсел Брандс за неговата работа во последните три и пол години и му посакуваат се најдобро во иднина. Од друга страна, сопственикот и управата ќе продолжат да му даваат целосна поддршка на нашиот тренер Рафа Бенитез“, објави Евертон.

По поразот од Ливерпул во градското дерби во средата, навивачите се свртеа кон Брандс, додека тој ја напушташе ВИП ложата и бараа од него објаснување за очајната игра на клубот.

ПретходноДесет електротротинети заминаа кај среќните играчи
СледноКОМЕНТАР НА 16.КОЛО: „Жешко“ беше на скопското дерби, Шкупи есенски првак!