Салах: Ако е до мене, јас би останал во Ливерпул, но…

565

Голгетерот на Ливерпул, Мохамед Салах, кој игра во исклучителна форма и дефинитивно е најдобриот фудбалер во Премиер лигата од почетокот на сезоната, вели дека сака да остане на „Енфилд“. Сепак, Египјанецот призна дека му годат сите гласините за интерес за него од Барселона, но порача дека во моментов сака да си остане во Премиер лигата, бидејќи смета дека тоа е најсилното првенство во светот.

„Веќе неколку пати кажав дека ако одлуката е на мене, јас сакам да останам во Ливерпул. Но, одлуката е во рацете на раководството и тие мора да одлучат за ова прашање. Нема проблем, но мораме да постигнеме договор за условите од договорот. Тоа зависи од нив. Финансиските параметри покажуваат колку клубот ве цени и дека е подготвен да направи се за да останете. Сепак, самата одлука не се заснова само на овие финансиски прашања. Има работи како амбицијата на тимот и тренерот и што сака да прави со тимот и играчите што ги има. Сите овие прашања се важни при донесување одлука“, истакнал Египќанецот.

ПретходноИстече рокот за пријава на Австралија Опен 2022: Ѓоковиќ се уште молчи!
СледноСудии за ПМФЛ и ВМФЛ: Мега- дербито за Јакимовски, Пројковска ќе им суди на Силекс и Тетекс!