Се враќа на Кипар: Чеде Јаневски седнува на клупата на АЕЛ!

223

Како што пред неколку часа објавија медиумите на Кипар, Чедимир Јаневски, екс – селеторот на А-тимот на Македонија и еден од нашите најдобри тренери, веројатно е дека ќе се врати во таа земја. Имено Македонецот бил прв кандидат или фаворит за местото шеф на стручниот штаб на АЕЛ Лимасол, каде што играат нашите интернационалци Давор Здравковски и Кире Ристевски. Ова го потврдуваа и од самиот клуб кој објави дека се разделиле со досегашниот стратег Душан Керкес од БиХ.

Инаку Јаневски е во стручниот штаб на селекцијата на Јужна Африка, а на Кипар има работено во неколку клубови.

ПретходноПретседателот на Сампдорија зад решетки!
СледноДесет електротротинети заминаа кај среќните играчи