Се повторува историјата: Реал (М) ќе го крене шампионскиот пехар во Ла Лига?

572

По 16. коло во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид дојде многу блиску до шампионската титула. Така барем вели историјата.

По победата од 2:0 над Реал Сосиедад, „кралевите“ ја зголемија предноста на врвот на табелата на 8 бода. Тимот на Карло Анчелоти веќе има 39 бода наспроти 31 на втората Севиља, која има и имаат натпревар помалку.

Водството на Реал изгледа многу солидно бидејќи тимот ги победи сите ривали за врвот на табелата со кои играше досега.

Историјата на Ла Лига јасно покажува дека Реал Мадрид оваа сезона ќе стане шампион. Досега се случило четирипати тим да биде прв на табелата во Ла Лига и да има 8 или повеќе бодови предност пред вториот по одиграни 16 натпревари од првенството и во секоја од тие сезони, на крајот успеале да ја задржат првата позиција и да станат прваци.

Ова се случи трипати со Барселона (во 2004/2005, 2008/2009 и 2012/2013), и еднаш во Депортиво Ла Коруња (1999/2000).

ПретходноСкопје со реакција за судењето на вчерашниот меч на Автокоманда!
СледноРистовски по поразот од Хајдук тргнал да “дели“ шлаканици, Атанасов го спречил! (ВИДЕО)