Вардар не признава Беса, Силекс сигурен за домашен терен, Воска со гостински бодови кај Велешта (ВИДЕО)

1434

Предмалку заврши 14. коло од второтолигашката конкуренција Запад, во која екипата на Вардар успеа по исклучително тежок и каллив терен во Боговиње да слави со минимални 0:1 против тимот на Беса.

Вардар доминираше на овој меч иако беше многу тешко да се игра, и успеа да постгине гол во 78. минута преку Филип Петковски. Асистираа Николов односно Блажевски кој прекрасно го пронајде Петковски на петерецот, а на овој не му беше тешкод а реализира со глава.

Силекс доминираше во Кратово

Од друга страна пак тимот на Силекс, лидерот на оваа конкуренција сезонава, немаше проблем на домашен терен да го совлада тимот на Тетекс со конечни 3:1.

Стрелци на головите за Кратовци беа Дуков на два пати и Јордан Серафимовски, додека пак за гостите во второто полувреме погоди Дамјан Масевски.

Воска со уште еден гостински триумф

Тимот на Воска пак, успеа денеска да слави во Велешта над истоимениот противник со конечни 1:2. Истите се дело на Изаир Емини и Наум Велјановски.

Резултати:

Беса – Вардар 0:1

Силекс – Тетекс 3:1

Велешта – Воска 1:2

Кадино – Кораби 1:3

Охрид – Гостивар 4:2

Табела:

Силекс 38

Воска 29

Вардар 26

Кораби 19

Тетекс 18

Гостивар 17

Охрид 14

Велешта 14

Беса 13

Кадино 6

 

 

 

ПретходноЛазаров во “Дрим тимот” на колото во Франција
СледноСлога киксираше, Победа искористи