Ракометарките на Русија ја прегазија Србија во еден од поинтересните вечерни дуели од 3. коло на СП во Шпанија. Русинките славеа со 32:22 (15:9) и во втората фаза пренесоа максимален број бодови. Србија е втора во групата и пренесува два бода во втората фаза, откако ја победи Полска, која без бодови оди во втората рунда.
Франција вечерва се намачи со Црна Гора, откако Црногорките одиграа егал во првиот дел (12:12), но не можеа да го издржат ритамот и на второто полувреме, кога Франција успеа да го скрши отпорот и да дојде до конечни 24:19. Холандија и Шведска во една атомска пресметка на крајот одиграа нерешено 31:31, додека Норвешна без поголеми проблеми славеше против Романија со 33:22.
Од претходно денеска одиграните мечеви вреди да се издвои „киксот“ на Словенија која одигра нерешено со Ангола.