Артета „распука“ по играчите на Арсенал: Бевме „лигави“

392

Тимот на Арсенал вчера иако имашe водство на гостувањето кај Евертон уште во првото полувреме, а потоа истото го задржи до самиот финиш, сепак „Топџиите“ играчи и резултатски колабираа на крајот и примија два гола. Загубија со 2:1, а менаџерот Микел Артета беше исклучително лут по натпреварот и во изјавата, ги нападна неговите фудбалери.

“Многу сум разочаран! Мислам дека во првото полувреме иако водевме резултатски, сепак бевме несигурни со топката. Немавме доволно опасни напади или сериозни закани”, започна менаџерот на Арсенал па продолжи да ги критикува неговите фудбалери за вчерашниот пораз од Евертон на гостински терен. 

„И потоа во второто полувреме, кога требаше да ја преземеме иницијативата, тоа не се случи. Повторно, во многу моменти бевме надвор од фокусот, деконцентрирани, незаинтересирани дури и лигави. Лесно изгубивме премногу топки и им дававме до знаење дека кога не притискаат ќе можат да успеат со тоа да ни ја одземат топката“ – „згрме“ Артета по мечот. 

ПретходноБитолски „пекол“ за Спортинг, нова шанса за Е.Пелистер!
СледноОдбојкарите ги добија противниците во Европската сребрена лига 2022