Африка како Африка, граѓанска војна во Камерун, стадионот не е готов, а во јануари има континентален шампионат

248

Иако Афричкиот куп на нации е закажан за 9 јануари следната година во Камерун, истиот има голема можност да не биде одржан во оваа земја, односно да биде преместен во Катар па дури и да биде одложен.
Причината за ова е граѓанската војна која што во оваа држава „дивее“ веќе неколку години и кој досега однесе над 3000 жртви. Конфликтот е помеѓу Англофонското малцинство и војската на Камерун. Конфликтот зема замав во последните месеци и дури има напади врз школи и детски жртви.

Стадионот во главниот град ни оддалеку не е готов, и неговата промоција односно отворање е одложено неколку пати. Дури, властите во Камерун донесоа одлука дека казнет со 15.000 евра ќе биде секој кој што ќе го фогографира недовршениот објект.

 

ПретходноЕ. Пелистер вечерва пред полна сала
СледноВардар 1961 во Загреб како Данска во Скопје