Белингем казнет поради коментарите за судијата

131

Талентираниот фудбалер на Борусија Џуд Белингем е казнет со 40.000 евра поради непристојните коментари на сметка на судијата Феликс Цваер по дербито против големиот ривал Баерн Минхен. „Баварците“ славеа  со 3:2 по пресврт, а „милионерите“ беа бесни на судијата Цваер затоа што досудил контроверзен пенал за минхенскиот тим, а потоа пропуштил на покаже на белата точка за Борусија Дортмунд по прекршок над Ројс.

Па Белингем во бес на социјалните мрежи напиша:

Хумелс не ја виде топката кога го удри во раката. Погледнете ги и другите одлуки на судијата Цваер. Како можевте најголемото дерби во германскиот фудбал да го доделите на судија кој мести натпревари. Што очекувавте на крајот?“.

Белингем алдира на скандалот од 2005 година кога на еден меч од втората лига Цваер примил мито од 300 евра за да му „прогледа низ прсти“ на Вупертал.

Па ФС на Германија го казни Белингем само парично, без дополнителна санкција во вид на забрана за играње.

ПретходноНагелсман до Бенфика: Не грижeте се, Баерн ќе игра со најсилен состав против Барса
СледноЈаховиќ се најде во тимот на колото во турската Супер лига