„Биковите“ си обезбедија европска пролет, Меси и Мбапе го „растурија“ Бриж (ВИДЕО)

188

Со победа од 2:1 над екипата на Манчестер Сити, германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите успеа да обезбеди европска пролет. Германците нема да продолжат во ЛШ, но затоа ќе им се приклучат на тимовите во Лигата на Европа, како една од третопласираните екипи во најсилното европско натпреварување.

Во решавачкиот меч на домашен терен, „биковите“ дојдоа до три бода и се издвоија на третото место во групата „А“ минувајќи го Бриж кој остана последен со 4 бода, откако вечерва беше убедливи поразен на гостувањето во Париз.

ПСЖ славеше со 4:1 и го потврди второто место во групата зад лидерот Манчестер Сити. Момците на Покетино жестоко го отворија мечот и со двата гола на Мбапе до 7. минута водеа со 2:0. Следуваше првиот, прекрасен, гол на Меси во 38. минута за водство и од 3:0, резултат со кој се замина на одмор.

Бриж преку Вормер во вториот дел успеа да намали на 3:1, за Меси со гол од белата точка во 76. минута да го врати ПСЖ на предност од три гола, за конечни 4:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноУдинезе му готви отказ на Готи, Несторовски ќе добие нов тренер
СледноАспас со финта го изигра правилото за пет жолти картони, Ла Лига го истражува случајот