Вардар 1961, последниот меч од оваа календарска година во Лигата на шампиони го игра на гостински терен кај ППД Загреб. По серијата од [шест порази во низа, дуелот со хрватскиот тим ќе биде одлична шанса за македонскиот првак да им се врати на победите и да го задржи шестото место на табелата во групата А пред продолжението на вториот дел од сезоната.
Дуелот меѓу Вардар 1961 и ППД Загреб се игра утре (20:45 часот). За разлика од претходните гостувања кога „црвено-црните“ патуваа ден пред еден натпревар, овој пат тие во Загреб ќе дојдат на денот на мечот со директен лет и веднаш по истиот ќе се вратат во Скопје.
Со оглед дека главниот град на Хрватска воздушно не е далеку, оваа одлука е логична.
Ваков пример на патување имавме во март, Данците дојдоа на денот на мечот против Македонија и веднаш се вратија назад.