Велковски: Публиката ни даде неверојатна енергија!

215

Е.Пелистер ја продолжи серијата без пораз во последните пет меча во Европската лига. Македонскиот вицепрвак ја искористи новата шанса, на домашен терен го совлада Спортинг со 31-25 за трета победа и скок на второто место на табелата.

Избраниците на Жељко Бабиќ на своите фанови им понудија нова фантастична игра, трпеливо го градеа патот кон победата. Само во првото полувреме имаа пад од 11. минути, но со поддршка на навивачите се вратија на време и до крајот умешно ја чуваа позитивата.

„Честитки до Спортинг одиграа два одлични меча. Знаме какво патување ги чека, бидејќи и ние патувавме исто толку на првиот меч, навистина е тешко. Очекувавме дека ќе паднат физички во второто полувреме. Ние имавме поддршка од публика која ни даде неверојатна енергија“, изјави Мартин Велковски.

Бабиќ не го криеше своето задоволство, иако неговите момци летаа по теренот, а Е.Пелистер дојде до големи бодови, сепак беше краток на прес-конференција.

„Честитки до моите играчи, се бореа, покажаа квалитет, играа со срце, вечерва игра многу добро. Игравме добро во одбраната во второто полувреме. Среќен сум за победата, ова е позитивен резултат за мојот клуб, за играчите“, изјави Бабиќ.

ПретходноНови реми за Нант и Лазаров во Европската лига
СледноЛШ: Атлетико ги „скокна“ Порто и Милан, Николов со гол му донесе реми на Шериф (ВИДЕО)