Денеска од 13 часот се играат сите пет натпревари од 14.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Најинтересно ќе биде во Струга, каде играат Велешта и Воска, како и во Боговиње, каде Беса како домаќин ќе го дочека Вардар. На сите четири екипи бодовите им се повеќе од потребни, посебно на Вардар кој е во очајна потрага по втората позиција на Воска. Секој загубен бод е катастрофа за вардарци. Сепак и Беса си има свои сметки. Овој меч за нив многу значи, не смее да се загуби.
Во соседското дерби меѓу Велешта и Воска Спорт се очекува интересен и квалитетен меч. Нема фаворити кога играат соседите.
Во Кратово домашниот Силекс го дочекува Тетекс. Овој меч ќе го суди Иавна Пројковска, не паметиме некогаш во Кратово досега да имало женска судиската четворка.
Во останатите мечеви Охрид игра со Гостивар, додека Кадино на свој терен го дочекува Кораби.
ДВОЈКИ ЗА 14.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)
СИЛЕКС –ТЕТЕКС
ОХРИД – ГОСТИВАР
КАДИНО- КОРАБИ
БЕСА – ВАРДАР
ВЕЛЕШТА – ВОСКА СПОРТ
ТАБЕЛА
1.СИЛЕКС 35
2.ВОСКА СПОРТ 26
3.ВАРДАР 23
4.ТЕТЕКС 18
5.ГОСТИВАР 17
6.КОРАБИ 16
7.ВЕЛЕШТА 14
8.БЕСА 13
9.ОХРИД 11
10.КАДИНО 6