Вујовиќ: Не чека тежок меч!

151

Македонскиот првак утре (20:45 часот) му гостува на ППД Загреб. По серијата од шест порази, хрватскиот тим е вистинска шанса за враќање на победничките патеки во Лигата на шампиони.

Веселин Вујовиќ очекува тежок меч, особено поради неопходноста на бодовите за двата тима. За Вардар 1961 ќе значи сигурно чекорење кон пласманот во следната рунда, но и враќање на самодовербата.

„Загреб е тим од млади и искусни играчи, го имаат Чупиќ. Младите играчи многу добро напредуваат. Не очекува тежок натпревар. Двата тима доаѓаат по едно позитивно коло, ние добро одигравме кај Кил, тие против Монпеље. Ова е меч кој мора да го добијат и двата тима. Токму оваа средба ќе го одлучи пласман во следната рунда. Вардар се дигна, игра добро. Ни доаѓат мечеви кои се според нашиот квалитет, како Загреб, Елверум и Мешков. Се надевам дека на овие средби ќе одиграме добро и ќе извлечеме добри резултати и ќе се пласираме во следната рунда“, изјави Вујовиќ.

ПретходноВМФЛ – ЗАПАД: Воска на мегдан со Велешта, Вардар и гостува на Беса
СледноКошаркарките со скок од четири места на ФИБА рејтинг листа