Димитар Капинковски и официјално нов тренер на Победа

412

ФК Победа и официјално го назначи Димитар Капинковски за нов шеф на стручниот штаб, информација која ја најави СПОРТМЕДИА.

Капинковски е поранешен играч на „црвено-белите“. Дресот на Победа го носеше од 2002 до 2009 година, период во кој беше дел од составот на овој тим кој освои две шампионски титули и четири години настапи на меѓународна сцена.

Во дресот на најпопуларниот прилепски колектив Капинковски има одиграно околу 200 натпревари. Во репрезентативниот дрес има девет натпревари. Минатата сезона, а и до скоро беше тренер на прволигашот Пелистер.

ПретходноВМФЛ – ИСТОК: Слога Виница става “печат“ на есенската круна…
СледноТото: Против Загреб да бидеме силни како против Кил