Екс италијански репрезентативец станува сопственик на Сампдорија?

388

Поранешниот италијански репрезентативец Џанлука Вијали може да биде новиот сопственик на Сампдорија после апсењето на Масимо Фереро и поднесената оставка како клупски претседател. Според „Il Secolo XIX“ уште пред Божиќ можно е клубот да биде продаден и тоа на инвестициската компанија „Dinan-Vialli group“. Еден од сопствениците на фондот е некогашниот напаѓач Вијали, кој има 328 меча и 141 гол за „морнарите“. Тој се обиде да ја презеде власта во клубот во 2019 година но тогаш не успеа.

Исто така славниот голмајстор во моментот работи во Италијанската фудбалска федерација и беше дел од делегацијата на „Аѕурите“ на ЕУРО 2020.

 

ПретходноСелекторот на Сенегал за Клоп: „Без Мане и Салах немаше ништо да освои…“
СледноУдинезе му готви отказ на Готи, Несторовски ќе добие нов тренер