Откако пред само два дена доби отказ на кормилото на РБ Лајпциг, американскиот стратег Џеси Марш е на пат за Англија. Како што дознава весникот „Тајмс“, поранешниот тренер на РБ Лајпциг, може да му се приклучи на тренерскиот штаб на Ралф Рангник во Манчестер Јунајтед.
Под водство на 48-годишниот американски стручњак, Лајпциг „киксна“ во првата половина од сезоната во Бундеслигата. „Биковите“ по 14 кола имаат само 18 бодови и го заземаат 11-тото место на табелата, што беше причина Марш да добие отказ.
Интересно е што Рангник како помошник во Јунајтед го барал и сегашниот прв тренер на Њујорк Ред Булс, Герхард Штрубер, кој го одбил.